Програма

Главни Поенти

Континуирана Едукација и Професионален Развој

Организирање семинари, работилници и конференции за постојано усовршување.

Истражувања и Иновации

Поддршка на научни проекти, развој на нови техники и воведување на современи технологии

Мултидисциплинарна и Интернационална Соработка

Вмрежување со различни медицински специјалности и партнери од странство за заемно надградување

Менторство и Поддршка за Младите

Програми за стипендии, практична обука и водство од искусни хирурзи

Промоција на Микрохирургијата

Јавно информирање, учество во медиумски кампањи и создавање платформи за споделување искуства

КУРСЕВИ И НАСТАНИ


SKOPJE FLAP COURSE 2026
Road to Mastery
06–08 May 2026 | Skopje


За нас

Посветеност, Визија, Соработка

Во современото академско и клиничко опкружување, овие три поими не претставуваат само вредносни определби, туку суштински принципи врз кои се гради и унапредува секоја дисциплина со висок степен на прецизност, етичка чувствителност и интердисциплинарна сложеност. Во контекстот на реконструктивната микрохирургија – поле што се развива со интензивна динамика и бара постојано надградување на знаење, вештини и ресурси – овие три постулати ја оформуваат не само стратегијата на делување, туку и идентитетот на целокупната наша академска и професионална мисија.
Посветеност: основа за континуирана едукација и клиничка извонредност
Посветеноста кон реконструктивната микрохирургија се манифестира преку сериозната и континуирана заложба за систематска медицинска едукација, практична обука и развој на техничка прецизност и за кај секој кој е дел процесот на микрохируршката едукација. Развојот на микрохируршките вештини не е моментален процес, туку долгорочна инвестиција која бара дисциплина, повторување, критичка саморефлексија и менторство.
Во оваа насока, имплементираме симулациски модули, тренинг лаборатории за микрохируршки техники и програми за континуирана медицинска едукација кои се темелат на принципи на евалуација, повратна информација и контекстуализирана настава. 
Визија: насочување кон иднината на реконструктивната медицина
Нашата визија ја надминува моменталната клиничка реалност – таа гледа кон иднината на медицината како интердисциплинарен, персонализиран и технолошки интегриран систем, во кој микрохирургијата ќе игра централна улога во рехабилитацијата на пациентите со комплексни дефекти. Микрохирургијата, со својата прецизност, деликатност и потенцијал за ткивна реставрација, веќе е витален дел од третманот на малигни, трауматски и конгенитални состојби, а нејзината улога ќе продолжи да се проширува.
Во таа визија, пациентот е поставен во центарот на сè што правиме. Развојот на нови микрохируршки техники, минимално инвазивни пристапи, и дигитално поддржана прецизна навигација, е дел од нашите истражувачки и иновациски приоритети. 
Нашата визија ги обединува академијата, истражувањето и клиничката пракса во една заедничка мрежа, со јасна цел: создавање генерации хирурзи кои ќе дејствуваат како носители на нови знаења и ќе поставуваат нови стандарди во микрохирургијата.
Соработка: мрежа на знаење, искуство и глобална поврзаност
Во рамките на современата академска и клиничка едукација, соработката преставува клучна компонента за долгорочен успех.
Соработуваме со водечки светски универзитети, микрохируршки центри, истражувачки лаборатории и професионални здруженија, со цел воспоставување на ж платформи за едукација, истражување и заедничко клиничко дејствување. Оваа мрежа ни овозможува пристап до врвни експерти, најсовремени методологии и иновативни образовни алатки, што директно придонесува за надградба на капацитетите и квалитетот на нашите програми.
Во рамките на микрохирургијата, таа овозможува заедничка работа на комплексни случаи, развој на клинички протоколи, евалуација на исходи и, најважно, создавање на заедница посветена на постојано подобрување на здравствената грижа.
Микрохирургијата како синтеза на наука, етика и уметност
На крајот, за нас микрохирургијата не е само техничка експертиза или специјалистичка вештина. Таа е комплексна синтеза на научна прецизност, уметничка деликатност и етичка одговорност. Во секоја интервенција се среќаваат знаењето, техниката и емпатијата – елементи кои се неразделиви во современата медицинска пракса.

Настани

Настани и Истражувања

Новогодишна порака

Година на идеи, партнерства и заеднички напредок

Orthoplastic Surgery: The Emerging Frontier of Reconstructive Surgery

Предавање на Prof.Marco Innocenti Визитинг-професор на Медицинскиот факултет – Скопје

Чекор кон иднината на микрохирургијата: роботска прецизност и менторство

Учејќи од најдобрите – чекор по чекор, кон повисоки стандарди и подобра грижа за пациентите.